Започната имплементација на проектот Превенција од болести на зависности
На 05 октомври во Кавадарци и на 06,10,2017 година во Штип се одржаа инструктивни работилници за започнување на проектот „Превенција од болести на зависности“ поддржан од Црквата на Исус Христос и светиите на подоцнежните дни. Општинските организации на Црвен крст Берово, Делчево, Виница, Радовиш, Штип, Кичево, Крушево, Прилеп, Неготино и Кавадарци, ќе го имплементираат проектот преку кој ќе се настојува да се подигне свеста кај младите за болестите кои предизвикуваат зависности. Посебен фокус ќе биде даден на превенцијата од никотинизам, алкохолизам и дроги. Во текот на месец ноември, посебно обучени врснички едукатори ќе спроведуваат работилници во основни и средни училишта.