октомври 10, 2022
10 ОКТОМВРИ Е СВЕТСКИОТ ДЕН НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ
10 октомври е Светскиот Ден на менталното здравје чија цел е да ја зголеми свеста и активизмот во однос на менталното здравје. Ковид-19 пандемијата ги зголеми секојдневните предизвици и стресови за населението, а за многу луѓе беше и фактор за нарушување на менталното здравје.
Преку изолирање од изворите на социјална поддршка, генералната неизвесност и финансиските предизвици кои произлегоа од кризата, менталното здравје на најголемиот дел на населението беше ставено под ризик.
Оваа година Црвениот крст на Република Северна Македонија се придружува на светската кампања со мото “Да ги направиме менталното здравје и Добросостојбата за сите глобален приоритет“.