![](https://ckrm.org.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC00717.JPG-1000x560.jpg)
„100% Црвен крст“ – летен камп за обука на млади волонтери
Во периодот од 20-26 Јули 2023 година во Струга се одржа 14-от летен младински камп 100% Црвен крст на кој 56 млади волонтери од вкупно 30 клубови на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија имаа обука за стекнување на знаења и вештини за работа на училишни клубови на Црвениот крст, имплементација на стратегијата за млади на Црвениот крст на РСМ 2021-2025 година, како и имплементирање на нови позитивни практики во работата со цел унапредување на работата на Клубовите на млади. Преку споделување на искуства, дискусии и учество на вежби дополнително за работеше на зајакнување на комуникациски, презентациски, фасилитаторски, тимски и вештини за решавање на предизвици во работа со млади.