јуни 14, 2024
14 јуни – Светскиот ден на крводарителството.
На 14 јуни традиционално ширум светот се одбележува Светскиот ден на крводарителството. Настаните кои се организираат по повод овој ден имаат за цел да ја зголемат колективната и индивидуалната свест за неопходноста од безбедна крв и крвни продукти.
Во едно на овој ден се настојува да се насочи вниманието кон луѓето крводарители кои својата хуманост ја изразуваат дарувајќи крв волонтерски. Овие луѓе се вистински модерни херои. Нивниот придонес останува клучна алатка во спасување животи на светско ниво.