155 години од првата Женевска конвенција
22 август 1864 година, усвоена е Женевска конвенција за заштита на ранетите во војна,која ги постави темелите на современото хуманитарно право.
Тоа беше првата, во светски рамки забележана активноста на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, основен во 1863 година.
Од 8 до 22 август 1864 година е одржан дипломатски собир во Женева, Швајцарија, под името Меѓународна конференција за неутрализирање на воените санитетски служби во копнените војски.
Дипломатите,кои преставувале 12 од вкупно 16 земји учесници, на 22 август 1864 година ја потпиша првата Женевска конвенција. Тоа го направиле претставниците на Франција,Швајцарија,Белгија, Баден, Данска, Хесен, Италија, Шпанија, Португалија, Пруск и Виртемберг.
Со неа е договорено изработка на пишани правила со кои се заштитени жртвите од судири,обврска за давање помош без дискриминирање на ранети и болни припадници на вооружени сили, како и почитување на медицинскиот персонал,транспортните средства и опремата со Закон на Црвен крст.
Најзаслужен за основање на Меѓународен Црвен крст е швајцарскиот хуманист Анри Динан, на кого при усвојувањето на Конвенцијата посебно му помагал Гијом Анри Дифур.