Денеска се одржа онлајн средба на барање на премиерот г. Зоран Заев на која присуствуваа претставници на Министерство за здравство, Министерство за одбрана, Министерство за внатрешни работи, Црвениот крст на Р.Северна Македонија-Црвен крст на град Скопје и Противпожарна бригада. Црвениот крст беше претставуван од Александра Ристовски која брифираше за формирање на мобилните тимови и целокупната активност на ниво на целото Национално друштво, Слободан Митровиќ брифираше за дистрибуција на онколошка, метадонска и хроничка терапија и Сандра Томовска за работата на мобилните тимови при поддршка на мигранти и ирегуларни мигранти на северна и јужна граница.
Од негова страна и во име на Владата на РСМ беше искажана благодарност за целиот систем кој Црвениот крст го имаше развиено во кој се вклучени повеќе од 500 волонтери на дневно ниво и преку 150 профисоналци.
Александра Р. му се заблагодари во името на целата организација и упати благодарност за сите останати чинители во целокупниот механизам со акцент на здравствените работници.
Продолжуваме понатака заедно оти само така ќе го победиме нашиот заеднички непријател-вирусот Ковид 19.