Red Cross Shape
161 год од битката кај Солферино

2020-06-24

161 год од битката кај Солферино

Годинава се навршуваат 161 год. од Битката кај Солферино која се случила на 24 јуни 1859, во северна Италија, каде армиите на Франција и Австрија биеле крвава битка која траела 16 часа, во која учествувале 320.000 војници и која резултирала со 40.000 ранети и мртви на бојното поле. Тоа било карактеристично за битките од тоа време, кои во основа претставувале масовни колежи. Воените команданти посветувале многу малку внимание на војниците, кои ги имало во огромен број. Кога ќе биле ранети, помош им се укажувала дури откако ќе се згрижеле коњите кои биле помалку и се сметале за скапоценост на бојното поле. Луѓето биле ‘‘топовско месо‘‘. Хирурзите биле малку на број. Имало 4 ветеринари за илјадници коњи, а само еден лекар за истиот број луѓе. Помош се укажувала само на полесно ранетите додека потешко ранетите биле речиси оставени на милост и немилост да умрат. На непријателските ранети војници воопшто и не им се обрнувало внимание.

Но зошто токму оваа битка е важна за Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Важна е затоа што се поставуваат постулатите на нашата организација. Анри Динан, основачот на Црвениот крст, кој заради деловни причини, бил сведок на ужасната глетка по битката и бил толку вознемирен што заборавил на неговата средба со императорот, ги собрал луѓето од блиското село и поминал три дена постојано грижејќи се за ранетите. Неговите мудри зборови гласеле Siamo tutti fratelli (ние сме сите браќа), што ги отворило срцата на волонтерите кои му служеле и на непријателот и на сопствените борци.  Динан се вратил во Швајцарија, каде продолжил да мисли на кошмарот чиј сведок бил кај Солферино. За да не остане незабележано она што го доживеал, тој напишал книга насловена како ‘‘Сеќавање на Солферино‘‘. Основна цел на Динан била да го сврти вниманието на светот кон реалноста на војната. Ја испраќа  книгата до владејачките семејства од Европа, како и на воените лидери, политичарите, филантропите и пријателите. Книгата промовира две основни идеи кои подоцна се покажале како идеи од суштинско значење:

  • Во секоја земја да се формира Друштво за давање помош составено од волонтери кои ќе се грижат за ранетите за време на војна (што подоцна резултира со формирање на национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина)
  • Да се промовира меѓународен договор кој би ги заштитил ранетите војници на бојното поле и оние кои се грижат за нив, обезбедувајќи им неутрален статус (што подоцна резултира со донесувањето на Женевските Конвенции и меѓународното хуманитарно право).

Затоа битката кај Солферино е толку важна за Движењето на Црвениот крст и Црвена полумесечина. Не потсетува на нашите почетоци, на нашата хумана мисија. Затоа ја одбележуваме во целиот свет преку нашите волонтери и општинските организации на Црвен крст на сите континенти, бидејќи го инспирирала формирањето на нашата организација која и после 161 год. ги застапува и се бори за истите идеали и принципи.

Ве покануваме, на овој датум (24 јуни, 2020 год. среда) при спроведувањето на нашите активности во вашите локални средини сите заедно да се потсетиме на значењето на овој настан за нашата организација.

Други вести

Саити оствари средба со претседателката на МФЦК/ЦП, Кејт Форбс
Обука за воспоставување семејни врски / Служба Барање – основно ниво
Работилница за психо-социјална поддршка на онколошки пациенти

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom