165 години од битката кај Солферино
Оваа година се навршуваат 165 години од битката кај Солферино која се случила на 24 јуни 1859, во северна Италија, каде армиите на Франција и Австрија биеле битка која траела 16 часа, во која учествувале 320.000 војници и која резултирала со 40.000 ранети и мртви на бојното поле.
Битката кај Солферино е важна за Движењето на Црвениот крст и Црвена полумесечина. Не потсетува на нашите почетоци, на нашата хумана мисија. Важна е затоа што се поставуваат постулатите на нашата организација. Анри Динан, основачот на Црвениот крст, кој заради деловни причини, бил сведок на ужасната глетка по битката и ги собрал луѓето од блиското село и поминал три дена постојано грижејќи се за ранетите. За да не остане незабележано она што го доживеал, тој напишал книга насловена како “Сеќавање на Солферино”.
Во сеќавање на важниот ден, секоја година, илјадници волонтери и вработени на Црвениот крст и Црвената полумесечина од целиот свет се собираат во Солферино, Италија, за да ја прослават историјата на нашето движење. Оваа година на Fiaccolata учествуваа двајца претставници од нашето национално друштво.