ноември 26, 2015

20 ГОДИНИ ОД МЕЃУНАРОДНОТО ПРИЗНАВАЊЕ

Црвениот крст на Република Македонија по повод 20 години од меѓународното признавање организира тркалезна маса на тема:“Развој на националното друштво и неговата улога во општеството и меѓународното движење” која ќе се одржи на 27.11.2015 година во 11:00 часот во Македонската академија на науки и уметности, Скопје.

На овој форум свое поздравно обраќање ќе има претседателот на Собранието на Реублика Македонија г-дин Трајко Вељаноски, претседателот на Црвениот крст на Република Маkедонија г-дин Милчо Трајков и претседателот на МАНУ академик Владо Камбовски.

На тркалезната маса се поканети да учествуваат лица кои имаат значајно влијание во општествениот живот како научни работници, професори, претставници од Меѓународното движење на Црвен крст и Црвена полумесечина и волонтери, кои со свои презентации ќе дадат придонес во одбележување на овој дводецениски период од признавањето и членството во Движењето.

Црвениот крст на Рeпублика Македонија има чест да Ве покани да го проследите овој настан.

< врати се назад