21 Мај – Ден на осамостојување на Црвениот крст на Република Северна Македонија
Годините минувале а Црвениот крст се повеќе се оспособувал да ги врши хуманитарните цели и задачи да дава помош таму каде што е неопходно. Своите цели и задачи Црвениот крст ги има усогласено со принципите на Меѓународтното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, и тоа: Хуманост, Непристрасност, Неутралност, Независност, Доброволна служба, Единство, Универзалност.
Со самостојувањето на државата Република Медонија ја укажа потребата за самостојување и на Црвениот крст на Република Македонија. Така на 21 Мај 1992 година е донесена Одлука за осамостојување. Во 1994 година е донесен Закон за Црвениот крст на Република Македонија. Во овој период Црвениот крст на Република Македонија имаше бројни разновидни активности. Особено оваа Организација беше активна во згрижувањето на бегалците од одделни краишта на поранешна Југослација, каде се водеа жестоки борби.
По осамостојувањето Владата на Република Македонија на 25 август 1993 година ги ратификува Женевските конвенции од 1949 и Дополнителните протоколи од 1977 година. На 1.11.1995 година Црвениот крст на Република Македонија е признат од Меѓународниот комитет на Црвениот крст, а на 27.11.1995 година е примен во Меѓународната федерација на друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина како 169-та полноправна членка.