25-ТИ ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР НА ЕКИПИТЕ ПО ПРВА ПОМОШ
Во организација на Црвениот крст на Република Македонија на 16 и 17 септември 2016 година во Кавадарци се одржа XXV-от Државен натпревар на екипите по прва помош, под мотото “Првата помош за и од децата”.
На натпреварот зедоа учество 27 екипи од Општинските организации на Црвен крст Берово, Битола, Валандово, Велес, Дебар, Делчево, Кавадарци, Кичево, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Куманово, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Струга, Струмица, Штип, Гази Баба, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир.
Натпреварот се спроведе во две траектории А и Б, по 7 работни бази од кои четири беа од областа на првата помош, две од забавен и спортско-рекреативен карактер и едно од дисеминација. На работните места од областа на првата помош беа прикажани 11 повреди и една реанимација на срцево-белодробно оживување.
За успешна организација на натпреварот беа ангажирани 41 судии (од кои 30 доктори и 11 демонстратори), 13 шминкери за реалистично прикажување на рани и повреди, 30 манекени/актери, 27 водичи на екипи, 4 волонтери за носење на бодовни листи, 6 судии за дисеминација и за игрите од забавен и спорстко-рекреативен карактер и петчлена комисија за собирање на бодови. Беа ангажирани голем број на волонтери од страна на домаќинот Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Кавадарци, вработени во стручната служба на Црвен крст на Република Македонија и волонтери од тимот за логистика на Црвен крст на Република Македонија.
На свеченото отворање пред присутните се обратија претседателот на Општинската организација на Црвен крст Кавадарци г-дин Димитар Каракулев и претседателот на Црвен крст на Република Македонија г-дин Милчо Трајков кој воедно и го прогласи 25-от Државен натпревар по прва помош за отворен.
Првото место на натпреварот го освои екипата по прва помош на Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Чаир со освоени 910 бодови, второто место го освои екипата по прва помош на Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Кочани со 903 бодови, третото место и припадна на екипата по прва помош на Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Центар со 902 бодови, на четврто место се пласира екипата на Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Прилеп со 894 бодови и на петтото место со освоени 888 бодови се пласира екипита на Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Кисела Вода. На базата за дисиминација најдобри беа екипата на Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Штип која покажа најдобро познавање заа движењето, визијата и мисијата на Црвениот крст.
На свеченото затворање на Државниот натпревар по прва помош, најпрво се обрати претседателот на Организациониот одбор на Државниот натпревар по прва помош г-дин Огнен Костовски која го соопшти редоследот на пласман на екипите по прва помош, а потоа пехарите и медалите за најуспешните три екипи ги подели генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија г-дин Саит Саити. Државниот натпревар по прва помош го следеа и за него информираа МТВ, К1 и КТВ од локалните медиуми.
Голема благодарност до домаќинот Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Кавадарци за поддршката и соработката за успешна реализација на 25-от Државен натпревар по прва помош.