ноември 4, 2015

6-от Партнерски состанок на Црвениот крст на Рeпублика Македонија

Денес на 04.11.2015 година Црвениот крст на Рeпублика Македонија го организираше 6-от Партнерски состанок во Скопски саем на кој присуствуваа претставници од стопанските комори, компании и меѓународни организации и агенции.

Партнерскиот состанок се организираше со цел да се поттикне соработката помеѓу Црвениот крст на Рeпублика Македонија и партнерските организации за да се воспостават одржливи парнерства и да се обезбеди проектна поддршка за општествено социјални програми за подобрување на квалитетот на животот на ранливите категори во заедницата.

Партнерскиот состанок го отвори генералниот секретар на Црвениот крст на Рeпублика Македонија г-дин Саит Саити и министерот за економија г-дин Беким Незири.

г-дин Саити истакна дека Црвениот крст на РМ и понатака интензивно работи на промоција на сопствените вредности како партнер на компаниите за имплементација на заеднички проекти кои обезбедуваат суштинска поддршка на населението преку обезбедување на клучни услуги за заштита на нивното здравје и обезбедување на хуманитарна помош. На тој начин ги исполнуваме целите на хуманитарната работа во услови на интензивни општествени промени прилагодувајќи го нашиот одговор преку нови решенија

г-дин Незири истакна дека успешните бизнисмени, менаџери никогаш не гледаат само на денешниот ден, туку и на утрешниот и на деновите кои следат. Нивната цел е да создадат и одржат брендови кои луѓето ги сакаат и им веруваат. Секако дека не е лесно, но да се создаде одржлив развој на компанијата, значи да се изгради компанија добра за нејзините акционери, но и за клиентите, за вработените, за деловните партнери, заедниците во кои живееме и работиме.

asdasdasdasasasasasasasasasdsasdasdasd

< врати се назад