јули 26, 2023

60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

На 26 јули 1963 година во 5 часот и 17 минути се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, со помали потреси до 5 часот и 43 минути. Притоа беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над главата.

По трагедијата на Скопје, Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални друштва да организираат хуманитарна акција за скопските деца.

Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје.

Обединетите нации презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град.

На 23 септември 1963 година 35 земји побараа Генералното собрание да стави на дневен ред од своето заседание точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје. Подоцна, на 27 септември, Генералното собрание и даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје.

Денес одбележуваме 60 години од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје.  Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ д-р Саит Саити денес присуствуваше на Свечена седница на Собранието на РСМ.

 

< врати се назад