8 мај – Светски ден на Црвениот крст и 8-15 мај – Недела на Црвениот крст на Република Македонија
Насекаде во светот Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина е присутно за секого. Преку глобалната мрежа од речиси половина милион вработени лица и над 17 милиони волонтери Црвениот крст/Црвената полумесечина дејствува како сила за позитивна промена за најранливите категории на население во ситуации како што се одговор на потребите во случај на катастрофи и вооружени конфликти, обезбедување на поддршка во урбани центри и тешко достапни подрачја, како и застапување во нивна корист во политичките кругови и владите. Водени од Основните принципи ја мобилизираме моќта на хуманоста да спасуваме животи и го намалуваме страдањето.
Оваа година по повод 8 мај – Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина Црвениот крст на Република Македонија со општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје ќе се вклучи во глобалната кампања на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која се одвива под мотото „Насекаде за секого“.