мај 11, 2014

8-МИ МАЈ -СВЕТСКИ ДЕН НА ЦРВЕН КРСТ И ЦРВЕНА ПОЛУМЕСЕЧИНА

ckrm1105Црвениот крст на Република Македонија на 8-ми Мај 2014 година во Дом на АРМ го одбележa Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина под мотото „Мојата приказна во Црвениот крст“. На настанот присуствуваа голем број на познати личности од уметничката естрадата, клуб на оратори при Правен факултет,волонтери и др. На настанот се обрати генералниот секретар на Црвениот крст г-дин Саит Саити кој истакна дека во 151 годишно постоење, Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина допрело до голем број на лица.

Последните податоци од Меѓународната Федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина велат дека на годишно ниво активно се вклучени над 17 милиони волонтери, а како директни корисници се проценуваат околу 180 милиони лица. Поголемиот дел од населението се постојано во контакт со Црвениот крст и придонесуваат во нивната работа. Доволно е да се земат во предвид лицата кои поминале курс по прва помош или помогнале на семејства кои биле погодени од одредена катастрофа, или пак учествувале во друга активност на Црвениот крст. Во име на Македонска пошта генералниот директор г-дин Рафиз Алити ја поромовираше поштенската марка и изрази големо задоволство од досегашната заедничка соработка.На самиот настан своите лични приказни ги кажаа и актерките Снежана Коневска – Руси, Весна Петрушевска-Бејби и младата изведувачка Јана Бурчевска.
Снежана Руси ја сподели својата приказна со акцент на влијанието кое врз неа го имала организацијата и волонтерите кои ги подговтуваше за театарската претстава Погодете кој доаѓа на вечера, како и поттикот кој го добила од волонтерите за најзина понатамошна вклученост во редовите на Црвениот крст. Актерката Весна Петрушевска ја сподели својата лична приказна во која Црвениот крст е во улога на помагател по опожарување на нејзината семејна куќа и значењето на подадената рака во првите мигови кога се изгледа загубено. Младата Јана исто така сподели приказна за нејзините први контакти со Црвениот крст во училиштето, посетите и незаборавните дружби со штитениците во Центарот за Церебрална парализа Капиштец како и поддршката во хуманитарните забави. Заедничко за сите нив е дека ја истакнаа желбата за понатамошна соработка со Црвениот крст и подготвеност да ги поддржат нашите општествено-хуманитарни активности.

< врати се назад