Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
8ми ПАРТНЕРСКИ СОСТАНОК НА ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

2017-12-13

8ми ПАРТНЕРСКИ СОСТАНОК НА ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Денес, на 13.12.2017 година Црвениот крст на Рeпублика Македонија во своите простории го организираше 8ми-от Партнерски состанок. На состанокот присуствуваа генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, г-дин Саит Саити, министерот за локална самоуправа, г-дин Сухејл Фазлиу и претставници на корпоративниот сектор.

Партнерскиот состанок се организираше со цел да се промовираат хуманитарните вредности на Црвениот крст на Република Македонија за потикнување на стратешки партнерства за надминување на проблемите со кои се соочува населението во заедниците. Партнерскиот состанок се одржа под покровителство на Пивара Скопје, компанија која остварува соработка и поддршка на хуманитарните активности на Црвениот крст на Република Македонија.

Пред присутните се обрати генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, г-дин Саит Саити, кој истакна дека важноста на корпоративната подршка во Националното друштво е се позначајна и има тенденција да се зголемува, бидејќи корпоративниот сектор инвестира во програми за општествена одговорност и бара силни организации и брендови за партнер. Црвениот крст на Република Македонија има потенцијал да расте во оваа област, бидејќи можностите за партнерство кои ги задоволуваат овие параметри можат да се создадат за речиси сите теми и целни групи.

Свое обраќање на партнерскиот состанок имаше и министерот за локална самоуправа, г-дин Сухејл Фазлиу кој ја поздрави оваа иницијатива и го повика бизнис секторот и понатаму успешно да се вклучува во проектите на Црвениот крст на Република Македонија со цел подобрување на животот во заедниците.

Во склоп на настанот, Црвениот крст на Република Македонија додели признанија, “Сребрен поддржувач“ на Шпаркасе банка Македонија АД Скопје во знак на благодарност за поддршката во остварувањето на хуманитарните цели и задачи на Црвениот крст на Република Македонија и “Посебно признание“ на Прилепска пиварница АД Прилеп во знак на благодарност за поддршката во остварувањето на хуманитарните цели и задачи на Црвениот крст на Република Македонија.

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025