Апел за настраданото население на Украина
Црвениот крст на Република Северна Македонија се вклучи кон Апелот објавен од страна на Украински Црвен крст за помош на населението во Украина. Целта на овој Апел е да се обезбеди финансиска помош за населението во Украина.
Црвениот крст на РСМ како солидарна помош за настраданото население на Украина издвои 10.000 евра кои ќе бидат префрлени на Украински Црвен крст.
Сите заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат во Апелот со обезбедување на парична помош на:
- Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Украина.
- како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400
- За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Средствата можат да се донираат од 25.02.2022 до 15.03.2022 година.