Апел за помош на настраданото население од катастрофалниот Тајфун Hajyan на Филипините
Почитувани,
Црвениот крст на Република Македонија се вклучи кон Апелот објавен од страна на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина,за помош на настраданото население од катастрофалниот Тајфун Hajyan на Филипините.
Целта на овој Апел е да се подигне свеста на населанието за меѓусебна поддршка, како и да се обезбеди помош за настраданите на Филипините.
Средствата може да се уплатат на жиро сметка 300000001327966, даночен број 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака помош за настраданото население од катастрофалниот Тајфун Hajyan на Филипините, како и да донирате 100 денари со повик на телефонските броеви 070/075/077 143-400.
Средствата можат да се донират до 15 декември 2013 година.