Билатерална соработка со Црвен крст на Словенија
Во периодот од 03-07 септември 2014 година делегација на стручната служба на Црвениот крст на Република Македонија оствари посета на Црвениот крст на Словенија. За време на посетата беше посетена централата на Црвениот крст на Словенија, општинските организации на Црвен крст Ново Место и Црвен крст Копар и Центарот за рекреација и лекување во Дебели Ртич, Анкаран. За време на посетата беа остварени повеќе работни средби со генералниот секретар г-дин Данијел Старман и стручната служба на Црвен крст на Словенија при што стана збор за унапредување на билатералната соработка на национално и локално ниво во различните програмски дејности на Црвениот крст и имплементација на партнерски проекти преку фондовите на ЕУ.
[responsive][/responsive] Средбите беа искористени и за презентирање на работата на двете национални друштва како и можностите за продлабочување на меѓусебната соработка. Посебен акцент во разговорите беше ставен околу размена на искуства околу начинот на финансирање на двете организации како и активностите во делот на информирањето, прва помош крводарителство, катастрофи, здраствено-превентивни активности организација и развој и социјално-хуманитарни активности.