јули 13, 2015

ЦКА-ПХВ пехар за Црвен крст на РМ-општинска организација Прилеп

Доделувањето на ПХВ пехар за најуспешната општинска организација, односно општинска организација на Црвен крст којашто изработила најголем број на проекти оценети со сонце, веќе прерасна во една убава традиција. Оваа година беа изработени 193 мали проекти од кои 30 оценети со фаза сонце, а овогодинешниот добитник на златен пехар во циклусот 2015 е општинската организација на Црвен крст Прилеп.

Претставниците на Црвен крст Прилеп како овогодинешни домаќини на оваа манифестација, приредија мала пригодна прослава. Свечената манифестација се случи на 09 јули во градската библиотека „Марко Цепенков“, а на истата свои обраќања имаа потпретседателот на Црвен крст на Република Македонија-општинска организација Прилеп г-ѓа Сузана Чурлиновска и генералниот секретар на Црвен крст на Р.Македонија г-дин Саит Саити.

На настанот присутни беа и претставници од неколку младински клубови на Црвениот крст во РМ како и голем број младинци и нивни родители. Свој придонес кон оваа прослава дадоа и дел од ПХВ инструкторите кои од различни делови од Македонија тој ден допатуваа во Прилеп за да бидат дел од оваа свеченост.

Покрај доделувањето на пехарот, на оваа манифестација беа доделени дипломи за најуспешните општински организации на Црвен крст, кои во текот на овој циклус изработиле проект со сонце. Дипломите оваа година заминаа во рацете на претставниците на Прилеп, Кичево,Струга, Куманово, Карпош, Чаир, Кочани, Клуб на млади на Скопје, Гази баба, Гостивар, Охрид, Битола, Центар, Валандово, Велес, Кавадарци, Крива паланка, Неготино и Пробиштип.

Имплементацијата на националната програма Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) е овозможена со поддршка на Норвешка амбасада од Србија.

b

< врати се назад