септември 1, 2015

ЦРВЕН КРСТ АКТИВНО ОБЕЗБЕДУВА ПОДДРШКА НА МИГРАНТИТЕ

На 01.09.2015, мобилните тимови на Црвениот крст на Република Македонија обезбедуваа поддршка на мигрантите на граничните премини кај Гевгелија и Табановце. При тоа на 326 лица им беше укажана прва помош и беше извршена дистрибуција на хуманитарна помош која се состоеше од: 2577 шишиња вода за пиење , 46 пакети со хигиенски средства, 28 пакети со храна, 500 сендвичи донација од Прокредит банка, 28 пакети за прва помош и 25 пакети за бебиња и млеко за бебиња. Untitled-1

< врати се назад