март 16, 2016

Црвен крст и Универзитет „Св.Климент Охридски“ – Битола потпишаа меморандум за соработка

Црвениот крст на Република Македонија, претставуван од генералниот секретар

д-р Саит Саити и Универзитет „Св.Климент Охридски“ – Битола претставуван од ректорот проф.д-р Сашо Коруновски,на 16.03.2016 година потпишаа меморандум за соработка, со кој уште еднаш се потврдува и зацрвстува соработката помеѓу Црвениот крст на РМ и Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола.

Дел од активностите што ќе се реализираат, се промовирање и унапредување на доброволното крводарување, реализирање на активности од прва помош поради важноста од неа во секојдневниот живот и во услови на катастрофи и елементарни непогоди, унапредување на социјалната вклученост и култура на ненасилство и мир, промовирање на основните принципи на меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, промоција на хумани вредности, реализација на активности за подигнување на јавната свест за заштита и самозаштита во случај на катастрофи и друго.

Секако цел на овој Меморандум е да ги поттикне сите кои се директно или индиректно дел од образовниот систем во Република Македонија активно да партиципираат во големиот број на акции кои ги спроведува Црвениот крст и кои имаат хуманитарен карактер.

image1

< врати се назад