Црвен крст на Македонија потпиша договор со Министерство за здравство за активности за превенција од ХИВ
Црвениот крст на Македонија денес во просториите на Министерство за здравство заедно со останатите 14 НВО кои работа на полето на Превенција од ХИВ кај различни целни групи ги потпишаа договорите за соработка и имплементирање на активности во рамки на Превентивната програма за заштита на населението од ХИВ за 2018. Министерството за здравство на Р Македонија за прв пат целосно го превзеде финансирањето на превентивните програми за ХИВ по престанувањето на финансиската поддршка од Глобалниот Фонд за борба против ХИВ/СИДА,туберкулоза и маларија во декември 2017 година.
Овој чекор на Министерството за здравство е признание за активниот придонес на Невладиниот сектор во превенцијата и одржување на ХИВ на национално ниво. Црвениот крст на Р Македонија и понатаму како партнер на владините институции ќе дава свој придонес во спроведување на Превенцијата од ХИВ особено кај ризичните групи на население.