ноември 30, 2015

ЦРВЕН КРСТ НА РМ ОБЕЗБЕДУВА ПОДДРШКА НА МИГРАНТИТЕ И БЕГАЛЦИ

Црвен крст на Рeпублика Македонија во партнерство со Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) и Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина активно е вклучен во поддршката на мигрантите кои транзитираат низ нашата земја.

Црвен крст на Рeпублика Македонија на двата гранични премини во Гевгелија и во Табановце е на терен 24 часа со 9 мобилни тима во поддршката на мигрантите кои транзитираат низ нашата земја.

Вкупниот број на лица во тимовите изнесува 176, кои се составени од вработени, лекари и пaрамедици ,членови, волонтери на Црвениот крст, кои се обучени за работа во Службата за барање на изчезнати лица при Црвениот крст.

Црвен крст на Рeпублика Македонија во период од 23 до 29 ноември дистрибуираше: 4 525 шишиња вода за пиење, 1 014 пакети со прехрамбени продукти, 261 пакети со хигиенски средства, 114 парчиња пелени за бебиња, 62 пакети за бебиња, 2 486 ќебиња, 278 вреќи за спиење, 1 244 мантили за дожд и на   3 876 лица им беше укажана прва помош.

< врати се назад