јануари 23, 2014

Црвениот крст на Република Македонија додели признанија ˝Златен медал˝ и ˝Бронзен поддржувач

ckЦрвен крст на Република Македонија на 12.12.2013 година во 11:00 часот ги додели признанијата ˝Златен медал˝ и ˝Бронзен поддржувач˝ во знак на благодарност на добитниците за остварената плодна соработка и поддршка.

На настанот обраќање имаше г-дин Саит Саити – Генерален секретар на Црвен крст на Република Македонија кој истакна во меѓувреме како дополнителен бенефит од таа наша работа успеавме да градиме   институционална ефективност , промовиравме нови партнерства, ја унапредивме адвокативноста и нашата хуманитарна дипломатија , преку активности каде што бевме видени , слушнати и бевме присутни со крајна цел ,помош на луѓето кои имаа потреба од нас.Работењето го подобривме со воведување на новини како што се : заеднички евалуации , консултирање на задоволството на партнерите ,проверка на ефектите од нашата работа кај корисниците , промовиравме нови форми, за истакнување на заедничките активности со компаниите .Истовремено Црвениот крст работеше на нови пристапи за поттикнување на интересот на корпоративниот сектор за поддршка на нашето работење. Исто така се обрати и Анче Труфуновски државен секретар во Министерството за економија на Република Македонија.

Во знак на благодарност за поддршката која ја обезбедуваат нашите партнери за имплементација на општествено социјални проекти и хуманитарни активности, Црвениот крст на РМ втора година доделува признанија Генералниот секретар г-дин Саити официјално ги врачи признанија :

˝Златен медал˝ на г-дин Живко Мукаетов, Генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје во знак на благодарност за неговиот сопствен придонес и поддршка во остварување на целите и задачите на Црвениот крст на РМ.

˝Бронзен поддржувач˝ на АЛФА БАНКА, Македонски Телеком, Пивара – АД Скопје и Сава Осигурување АД Скопје во знак на благодарност за остварување на хуманитарните цели и задачи на Црвениот крст

< врати се назад