јуни 11, 2018

Црвениот крст на Република Македонија – Скопје јавно објавува

Барање за прибирање понуди бр.1/2018

 

Набавувач: Црвен крст на Република Македонија, со седиште на Бул. Кочо Рацин бр. 13, Скопје, тел.02 3114 – 355

 

Понудувач: Право да достави понуда има секое заинтересирано правно и физичко лице – понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка.

 

Опис на набавка: хотелско-угостителски услуги за реализација на проектот за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за летен распуст 2018 година.

 

Документацијата за набавката која содржи опис на набавка, инструкции за понудувачи (спецификации или посебни документи), општи и посебни услови на договор за понудувачот, може да се подигне во Црвен крст на Република Македонија, од 11.06.2018 до 14.06.2018 година, во периодот од 11:00 до 14:00 часот (во архивата на Црвен крст на Република Македонија).

 

Понудите треба да се достават во посебни затворени пликоа (А4 формат, бел) на горенаведената адреса секој ден до 15,30 часот, а најдоцна до 18.06.2018 година до 15:30 часот.

 

 

Црвен крст на Република Македонија

Комисија за набавки

< врати се назад