Да не оставиме никого зад себе: Промовирање на општеството за сите
На 14 декември 1990 година, Генералното собрание на Обединетите нации (со резолуција 45/106) го назначи 1 октомври за Меѓународен ден на старите лица.
На ова му претходеаиницијативи како што е Виенскиот Меѓународниотакционен план застареење-кој во 1982 беше усвоенод страна на Светскотособраниезастареење- иодобренподоцна таа годинаод страна на Генералнотособрание на ОН.Во 1991 година,Генералното собрание(со резолуција 46/91) ги усвои Принципитеза старилица на Обединетитенации.
Во 2002 година, Второто Светско собрание за стареење го усвои Мадридскиот Меѓународен акционен план за стареење, да одговори на можностите и предизвиците на стареењето на населението во 21 век и да се промовира развојот на општество за сите возрасти.
Темата за 2014 година за одбележување на денот е: „Да не оставиме никого зад себе: Промовирање на општеството за сите“.
Водечкиот принцип на генералниот секретар на Обединетите нации: „Да не оставиме никого зад себе„ наложува разбирање дека демографијата е важна за одржлив развој и дека динамиката на наелението ги оформува клучните развојни предизвици со кои се соочува светот во 21 век. Ако вашата амбиција е да се “Изгради светот кој го сакаме “, тогаш мора да посветиме внимание на населението над 60 годишна возраст кое треба да достигне број од 1.4 милијарди до 2030.
Република Македонија неодамна го помина прагот на демографската старост. Со 15% старо население над 60 години, на Пописот во 2002 година, Република Македонија го надминува коефициентот на старо население од 12%. Според овие податоци, припаѓаме во земјите со висок степен на застапеност на старо население во севкупното население кое што живее во РМ. Зголемениот број на стари лица, всушност претставува и зголемување на барањата на јавниот здравствен систем, како на медицинските така и на социјалните служби. Постојат повеќе документи на национално ниво за уредување на политиките за стареење преку кои се oбезбедува целосна интеграција и партиципација на постарите лица во општеството како што е Национална Стратегија за стари лица 2010-2020.
Црвениот крст на РМ како член на Националното координативно тело за следење и евалуација на имплементацијата на Националната Стратегија за стари лица, активно се вклучува и дава придонес во севкупните напори кои ги преземаат надлежните институции во остварување на правата, неопходната грижа и заштита на старите лица во Македонија.
По повод одбележување на 1 октомври Меѓународниот ден на старите лица преку Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвениот крст Велес, Крива Паланка, Прилеп, Гостивар, Кичево, Дебар и Неготино ќе се организираат едукативни работилници, натпревар по прва помош, креативни рботилници со старите лица, посети на стари, осамени и изнемоштени лица во нивни домови со вклученост на млади волонтери на ЦК и ангажирање на здравствени работници, бесплатни прегледи за мерење на шеќер во крвта и крвен притисок и др. Овие активности се дел од континуираните заложби на Црвениот крст на РМ со цел да даде придонес во подобрување на квалитетот на животот на старите лица во Македонија.