Делегација на Црвениот крст на РМ учествуваа на највисокиот статутарен состанок на МФЦК/ЦП
Делегација на Црвениот крст на Македонија во состав од претседателот на Црвен крст на РМ проф.д-р Ромел Велев, генералниот секретар д-р Саит Саити и раководителот на секторот за програми Сашо Талески учествуваат на највисокиот статутарен состанок на Меѓународното Федерација на Црвен крст и Црвената полумесечина (МФЦК/ЦП) кој се одржува од 06 до 11 Ноември 2017 година во Анталија, Турција.
Во текот на одржувањето на седница на Генералното собрание на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвен полумесечина како и Советот на делегати, претставници од признаени национални друштва, МФЦК и МКЦК ќе разговараат за хуманитарните предизвици на модерното време.
На седницата на Генералното собрание е избран нов Претседател на МФЦК, потпретседатели и членови на Управен одбор.
Франческо Рока е избран за претседател на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина (ИФРЦ) во наредните четири години. Тој доби највисок број на гласови во првиот круг на 21-тото Генерално собрание на ИФРЦ, а ќе биде поддржан од четворица новоизбрани заменици-претседатели – г-дин Абдул Азизе Диало (Сенегал), Мигел Ангел Вилароел Сиералта (Венецуела ), Чен Жу (Кина) и д-р Керем Киник (Турција).