Дигитална недела на Солферино Академија на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, 19 – 23 април, 2021 година
Во периодот од 19 до 23 април, Солферино Академијата на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина одржува серија вебинари наменети за презентирање и споделување практики, алатки и знаења поврзани со користењето на дигитални алатки за поефикасна имплементација на активностите на Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвена полумесечина, во услови на ковид-19 пандемијата.
Се одржуваат над 150 работилници, обраќања, презентации во организација на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, Меѓународниот Комитет на Црвен крст и национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина од целиот свет како и сесии од партнерски организации како што се Microsoft, NASA and Amazon-Alexa.
На 21 април претставник на Црвениот крст на РСМ на вебинарот на Меѓународната Федерација – “Дигитална Трансформација, Прашања и споделување искуства” ги презентираше онлајн алатките и софтверот за членство и волонтерство на Црвен крст на РСМ, начинот на ангажирање на волонтери во организацијата и активностите на волонтерите на Црвениот крст на РСМ за одговорот на пандемијата во Република Северна Македонија.