Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Дистрибуција на постери за промоција на хигиена

2018-08-09

Дистрибуција на постери за промоција на хигиена

Црвен крст на Република Македонија започнува со едукативна кампања за промоција на хигиена во ранливи образовни институции ( градинки и основни училишта ) на територија на Република Македонија.

Преку проектните активности во проектот „Намалување на ризици од катастрофи“ поддржан од Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина се подготвија постери за промоција на хигиена и заштита и самозаштита во случај на катастрофа ( на македонски и албански јазик ).

Постерот за промоција на хигиена е подготвен од експерти на полето на промоцијата на хигиена и меѓународни тренери за промоција на хигиена во катастрофи. Во наредните месеци следува и едукативна кампања за заштита и самозаштита во случај на катастрофи ( пожари и земјотреси ) во основни училишта и градинки на територија на Република Македонија.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025