јули 24, 2015
Доделување на признанието „Повелба на Република Македонија“
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на 24 јули 2015 година, петок во 11:00 часот , ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија” на Црвениот крст на Република Македонија. Признанието се доделува по повод 70 години од формирањето на Црвениот крст на Република Македонија, како организација која преку реализација на многубројни хуманитарни активности во различни сфери на делување, даде посебен придонес во обезбедување на помош и поддршка на ранливото население во Република Македонија и пошироко, а со тоа и афирмација и промовирање на меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности.