ноември 24, 2016

Донирајте орган – подарете живот

Во рамките на проектот „Донирајте орган – подарете живот“ на 22-ри ноември за вработените и припадниците на АРМ во гарнизонот на АРМ во Велес беше одржано предавање на тема „Органодарителството и трансплатацијата во Република Македонија“.

            Типови на органодарителството, органи и ткива што се предмет на донирање, медицинските, религиските, етичките, правните и социо-економските аспекти на органодарителството, беа дел од содржините што д-р Нешова-Пановска и д-р Панова ги презентираа пред стотината присутни во салата.

            Заеднички прифатена констатација на крајот од предавањето беше дека органодарителството навистина претствува највисок чин на човекољубие и дека оваа тема треба да биде многу поприсутна до населението.

untitled-2

< врати се назад