октомври 20, 2016

ДОНИРАЊЕ НА ОРГАНИ, ТКИВА И ТРАНСПЛАТАЦИЈА

Во рамките на проектот “Дарувајте орган – подарете живот”, финансиран од  Комерцијална Банка АД Скопје, Црвен крст на Република Македонија, општинска организација Струмица ја спроведе првата работилница на ден 17.10.2016 година во салата на НУ Центар за култура “Антон Панов” во Струмица. Пред почетокот на работилницата беше емитуван ТВ спотот и беше спроведена анкета со пополнување на анкетни прашалници. Работилницата ја отвори претседателот на Општинската организација на Црвен крст Струмица прим. д-р Васил Тунев. За време на работилницата прим. д-р Љубинко Трпеноски член на проектниот тим и претседател на здружението за бубрежно болни “Нефрон” ги информираше присутните за значењето на донирање на органи, ткива и трансплатација со цел градење на позитивен став за овој начин на лекување.

organi2

< врати се назад