Државен натпревар по прва помош
👉На 21.9.2024 година во Ѓорче Петров- Скопје ќе се одржи Државен натпревар по прва помош чиј домаќин ќе биде Општинската организација на Црвен крст Карпош. Свеченото отворање на настанот ќе биде на бината во централниот дел во паркот Ѓорче Петров со почеток од 11:00 часот. На натпреварот ќе учествуваат 12 екипи од 12 општински организации на Црвен крст кои ги освоија првите 6 места од регионалните натпревари кои се случуваа во месец мај.
🩹Во рамки на делокругот на своите активности Црвениот крст на РСМ активно работи на подигање на свеста за значењето на првата помош, обезбедување на обуки и услуги за различни целни групи со цел да се подобри безбедноста и севкупното здравје на луѓето. Се залагаме за постојано подобрување на квалитетот на програмите за прва помош, креирани согласно потребите на различни целни групи како деца на претшколска возраст, ученици од основните и средните училишта, кандидати за возачи на моторни возила, лица одговорни за безбедноста и здравјето на работното место, лица со посебни потреби, итн. Црвениот крст на РСМ дава посебен придонес во промовирање на првата помош во образовните институции каде уште од најмлада возраст ги учиме и ги надградуваме компетенциите на младите како правилно да укажуваат прва помош.