ЕДУКАТИВНИ ТРЕНИНГ ЦЕНТРИ ЗА ВОЗРАСНИ НА ЦКРСМ

ОБУКИ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

СПОРЕД ВЕРИФИКУВАНИ ПРОГРАМИ

 

ПРОГРАМА ЗА ОБУКА ЗА ЛИЧЕН АСИСТЕНТ НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Програмата за лична асистенција на лица со попреченост е верификувана програма од страна на Центарот за образование на возрасните.

Црвениот крст на Република Северна Македонија е верификувана организација, од страна на Министерството за образование  и наука за спроведување на програмата, која како Едукативен тренинг центар за возрасни обуките ги спроведува во следните општини, преку:

  1. Црвен крст на град Скопје
  2. Општинска организација на Црвен крст на Струмица
  3. Општинска организација на Црвен крст на Битола
  4. Општинска организација на Црвен крст на Неготино
  5. Општинска организација на Црвен крст на Гостивар
  6. Општинска организација на Црвен крст на Струга
  7. Општинска организација на Црвен крст на Велес
  8. Општинска организација на Црвен крст Куманово

 

Цел на програмата за обука

Целта на програмата за обука е кандидатот да се стекне со професионални вештини за личен асистент на лица со попреченост и добивање на државно признанен сертифифкат.

Кандидатот во програмата ќе се оспособи да ја планира, подготвува и организира сопствената работа  самостојно во домот на корисникот  и/или под надзор на стручно лице во институции/установи. Задачите ќе ги изведува во согласност со етичките норми и методи за комуникација со лица со попреченост, со примена на основните медицински знаења и вештини за базична нега.  Кандидатот ќе научи да овозможува психолошка и социјална поддршка, поддршка во секојдневните активности и да дава помош и нега во домашни услови, да користи одредени методи и техники за спроведување на лична хигиена и исхрана, да применува техники за менување на постелина и облека, како да манипулира при физиолошка потреба, како да применува постапки за  користење на уреди и опрема при истата, како треба да работи во тим, да комуницира и да е проактивен во обезбедувањето на услугата, како да одржува хигиена и уредност на околината, како да спречува инфекции, да се грижи за квалитетот на извршената работа, да се грижи за безбедноста и здравјето при работа и како да ја заштитува околината.

Програмата се состои од 4 модули (преку теоретски, практичен дел и обука на работно место):

Модул 1: Основни познавања на видовите на попреченост видови на помагала и нивна примена

Модул 2: Помош на работното место, образовниот процес и во заедницата

Модул 3: Помош во домот на корисникот

Модул 4: Комуникација

Времетраење на обуката: Обуката се реализира во период од 3 месеци за следење на 4 модули, вкупно 216 часа

(Стручно-теоретски содржини во времетраење од 84 часа кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак е со времетраење од 132 часа и се изведува во домови и/или институции за сместување  на лица со попреченост, специјализирани институции и/или во институции со организиран дневен престој.)

Вид на Сертификат: По завршување на обуката кандидатот ќе се стекне со државно признаен сертификат – Личен асистент на лица со попреченост.

Цена на чинење на обуката: 20.000 ден.

Услови за следење на обуката: Кандидатот за следење на обуката треба да ги исполни следните општи услови:

  • Завршено средно образование
  • Најмалку 18 годишна возраст

Доколку се формира група од минимум 8 кандидати, Црвениот крст ќе организира обука.

Напомена: Доколку обуката е бесплатна и е организирана со поддршка на донатор, Црвениот крст поставува и дополнителни услови за селекција на кандидатите.

Информација за пријава: Заинтересираните кандидати кои сакаат да следат обука можат да се пријават и да добијат повеќе информации на следните маил адреси и телефони:

  1. Црвен крст на град Скопје

Маил: skopje.asistenti@redcross.org.mk – тел: 078 293 290/078 859 499

  1. Општинска организација на Црвен крст на Струмица

Маил: strumica@redcross.org.mk – тел: 034325-601

  1. Општинска организација на Црвен крст на Битола

Маил: bitola@redcross.org.mk – тел: 047236-019

  1. Општинска организација на Црвен крст на Неготино

Маил: negotino@redcross.org.mk – тел: 043361-657

  1. Општинска организација на Црвен крст на Гостивар

Маил: gostivar@redcross.org.mk – тел: 042216-488

  1. Општинска организација на Црвен крст на Струга

Маил: struga@redcross.org.mk – тел: 046786-014

  1. Општинска организација на Црвен крст на Велес

Маил: veles@redcross.org.mk – тел: 043231-537

  1. Општинска организација на Црвен крст Куманово

Маил: kumanovo@redcross.org.mk – тел: 031424-179

 

 

ПРОГРАМА ЗА ОБУКА ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА ЗА ПОМОШ И НЕГА НА СТАРИ ЛИЦА И ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Програмата за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост е верификувана програма од страна на Центарот за образование на возрасните.

Црвениот крст на Република Северна Македонија е верификувана организација, од страна на Министерството за образование  и наука за спроведување на програмата, која како Едукативен тренинг центар обуките ги спроведува во следните општини, преку:

  1. Црвен крст на град Скопје
  2. Општинска организација на Црвен крст на Струмица (Регионален центар кој ги покрива Радовиш, Гевгелија и Валандово)
  3. Општинска организација на Црвен крст на Битола (Регионален центар кој ги покрива Демир Хисар и Крушево)
  4. Општинска организација на Црвен крст на Неготино
  5. Општинска организација на Црвен крст на Прилеп
  6. Општинска организација на Црвен крст на Гостивар
  7. Општинска организација на Црвен крст на Кичево
  8. Општинска организација на Црвен крст на Охрид
  9. Општинска организација на Црвен крст на Струга
  10. Општинска организација на Црвен крст на Крива Паланка
  11. Општинска организација на Црвен крст на Куманово
  12. Општинска организација на Црвен крст на Кавадарци

Цел на програмата за обука

Целта на програмата за обука е кандидатот да стекне знаења, вештини и компетенции за давање на помош и нега на лица кои поради возраст, хронични болести, попреченост и др. причини се во состојба на изнемоштеност и неможност да се грижат за себе, и добивање на државно признанен сертифифкат.

 

Кандидатот кој ќе ја следи оваа програма и по нејзиното завршување ќе биде оспособен да ги извршува следните работи: ќе работи ефективно, комуницира и дава психо- социјална поддршка; ќе помага во домот на стари и немоќни лица и лица со попреченост и ќе ги негува и помага во унапредување на здравје и заштита од болести.

Програмата се состои од 3 модули (преку теоретски, практичен дел и обука на работно место):

Модул 1: Работи ефективно, комуницира и дава психо- социјална поддршка

 

Модул 2: Помага во домот на стари и немоќни лица и лица со попреченост

 

Модул 3: Негува и помага во унапредување на здравје и заштита од болести

Времетраење на обуката: Обуката се реализира во период од 3 месеци за следење на 3 модули, вкупно 250 часа (115 часа теоретска настава   и  135  часа, практична настава во кабинет и обука на работно место)

Вид на Сертификат: По завршување на обуката кандидатот ќе се стекне со државно признаен сертификат – Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.

Цена на чинење на обуката: 20.000 ден.

Услови за следење на обуката: Кандидатот за следење на обуката треба да ги исполни следните општи услови:

  • Завршено основно образование
  • Над 18 годишна возраст

Доколку се формира група од минимум 8 кандидати, Црвениот крст ќе организира обука.

Напомена: Доколку обуката е бесплатна и е организирана со поддршка на донатор, Црвениот крст поставува и дополнителни услови за селекција на кандидатите.

Информација за пријава: Заинтересираните кандидати кои сакаат да следат обука можат да се пријават и да добијат повеќе информации на следните маил адреси и телефони:

  1. Црвен крст на град Скопје

Маил: skopje.negacentar@redcross.org.mk – тел: 070352-246

  1.      Општинска организација на Црвен крст на Струмица

 Маил: strumica@redcross.org.mk – тел: 034325-601

  1.       Општинска организација на Црвен крст на Битола

 Маил: bitola@redcross.org.mk – тел: 047236-019

  1.      Општинска организација на Црвен крст на Неготино

 Маил: negotino@redcross.org.mk – тел: 043361-657

  1.        Општинска организација на Црвен крст на Гостивар

 Маил: gostivar@redcross.org.mk – тел: 042216-488

  1.        Општинска организација на Црвен крст на Струга

  Маил: struga@redcross.org.mk – тел: 046786-014

  1.    Општинска организација на Црвен крст на Крива Паланка

    Маил: krivapalanka@redcross.org.mk – тел: 031375-131

  1. Општинска организација на Црвен крст Куманово

       Маил: kumanovo@redcross.org.mk – тел: 031424-179

  1. Општинска организација на Црвен крст Прилеп

Маил: prilep@redcross.org.mk – teл: 048424-710

  1. Општинска организација на Црвен крст Кавадарци

Маил: kavadarci@redcross.org.mk – тел: 043412-936

  1. Општинска организација на Црвен крст Кичево

Маил: kicevo@redcross.org.mk – тел: 045225-324

  1. Општинска организација на Црвен крст Охрид

Маил: ohrid@redcross.org.mk – тел: 046262-706

< врати се назад