март 20, 2024

ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ЦРВЕНИОТ КРСТ, САИТ САИТИ, БЕШЕ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Денес, градоначалникот Никола Најдовски во неговиот кабинет оствари продуктивна средба со генералниот секретар на Црвен крст на РСМ, д-р Саит Саити, каде што се разговараше за идни нови проекти кои што се изработуваат во интерес на општествената заедница.

Саити ја поздрави агилноста, ажурноста и тимското работење од страна на Општинската организација на Црвен крст Демир Хисар и ја потенцираше важноста и поддршката од градоначалникот и Општина Демир Хисар во спроведување на сите програмски активности, односно афирмацијата на хуманите вредности и иницијативи.

Генералниот секретар на Црвениот крст, Саити и градоначалникот Најдовски присуствуаа на натпреварот во футсал помеѓу средношколци од СОУ „Крсте П. Мисирков“ и Спортска академија на ФФМ во Битола за деца од средношколска возраст кој се одржа во спортската сала „Јордан Пиперката“ во Демир Хисар.

< врати се назад