Градење на капацитети за комуникација и координација за ефикасна подготвеност и одговор на Западен Балкан
Во организација на Меѓународна федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина во периодот од 10- 12.09.2019 година во БиХ – Сараево се одржа работен состанок во рамките на проектот “Градење на капацитети за комуникација и координација за ефикасна подготвеност и одговор на Западен Балкан”
На работниот состанок присуствуваа претставници од МГЦК/ЦП, Црвен крст на Република Северна Македонија, Црвен крст на БиХ, Хрватски Црвен крст, Албански Црвен крст, Црвен крст Црна Гора и Црвен крст Србија.
Целта на работниот состанок беше размена на практики и искуствата на национални друштва ( НД) од регионот со акцент на задачите кои треба одделно секое НД да ги имплементира во рамките на проектните активности.
Претставниците на Црвен крст на Република Северна Македонија има можност да ја презентираат веб-базирана комуникациска платформа „Следна генерација на систем за управување/командување при инциденти“ и воспоставувањето на новиот оперативниот центар на ЦКРСМ.