Хуманитарна акција за помош на ранливо население
Црвениот крст на Република Северна Македонија oд 15 до 21 април 2024 година ја одбележува традиционалната „Недела на солидарност“, под мотото: „Вашиот прилог – значајна помош“. Во рамките на неделата се организира Акција за обезбедување на помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, и истите можат да се предадат во општинските организации на Црвениот крст. Целта на акцијата е да се подигне свеста на населението за потребната меѓусебна поддршка, како и да се обезбеди соодветна помош за најранливите категории на население.
Во акцијата граѓаните и правните субјекти можат да донираат и парични средства:
- Со повик на телефонскиот број 143 400 од мобилните оператори Македонски Телеком и А1 Македонија – донaција од 100 денари
- Со уплата на средства на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на Република Северна Македонија: 300000001327966 АД Комерцијална банка, ДБ 4030984271620
Средствата ќе бидат наменети за обезбедување на помош во храна и истите ќе се дистрибуираат на семејства во социјален ризик.
Со Вашата донација – овозможувате да се помогне на што поголем број семејства на кои таа помош им е неопходна.