август 6, 2020

Да се приклучиме кон хуманитарната донација за Бејрут

По повод експлозијата во пристаништето во Бејрут, главниот град на Либан, Црвениот крст на Република Северна Македонија се приклучува кон хуманитарната донација со цел ублажување на последиците и пружање помош и поддршка на настраданото население.

Сите заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат со обезбедување на парична помош на:

  • Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Либан.
  • како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 070 / 075 / 077 143 40

Средствата можат да се донираат од 07.08.2020 до 20.08.2020 година и истите ќе бидат префрлени на Црвен крст Либан за настраданото население во Бејрут.

Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува длабоко сочувство за жртвите и нивните семејства во разорната експлозија во Бејрут.

< врати се назад