февруари 16, 2017

Хуманитарна помош за 461 семејство

Црвениот крст на Република Македонија во рамките на ДРЕФ операцијата за справување со последиците од студениот бран кој ја зафати нашата држава, дистрибуираше хуманитарна помош до погодените семејства. Хуманитарната помош од ДРЕФ Операцијата и останати донатори се состоеше од семејни пакети со храна, семејни пакети со хигиена, ќебиња, јакни и сетови со капи, ракавици и шалови. Дистрибуцијата ја спроведоа тимови на Црвениот крст на Република Македонија и Општинските организации во погодените места во соработка со институциите кои се дел од системот за управуавње со кризи. Хуманитарната помош се дистрибуираше во следните градови и нивната околина: Крива Паланка ( 159 семејства),Скопје ( 55 семејства ),Македонски Брод (39 семејства), Дебар ( 32 семејства), Струга (36 семејства), Битола ( 39 семејства), Охрид ( 19 семејства), Гостивар ( 60 семејства ), Кичево ( 50 семејства ), Куманово ( 40 семејства), Свети Николе ( 15 семејства), Штип ( 11 семејства).

 

< врати се назад