јануари 14, 2019
Хуманитарна помош за Брест и Малино маало
Црвениот крст на Република Македонија во соработка со АРМ на 12 јануари 2019 г. до завеаните скопски села Брест и Малино маало со хеликоптер на АРМ достави хуманитарна помош од 1000 килограми во прехранбени пакети, хигиенски пакети, облека, ќебиња и др.
Активностите продолжуваат и за завеаното скопско село Танушевци што поради лошите временски услови (магла) не се однесени истиот ден прехранбени и материјални средства на месното население.