Хуманитарна помош за семејствата од поплавените подрачја
Поројните врнежи од дожд предизвикаа поплави на населени места и плодни површини во Скопје и Тетово. Поплавите на жал предизвикаа човечки загуби, како и големи материјални штети кои непосредно го погодија населението, за што веднаш беа преземени соодветни мерки за ублажување на последиците предизвикани од поплавите.
Во текот на изминатите 3 дена, тимовите на Црвениот крст на РМ се вклучија во помош и поддршка на жителите и беа дистрибуирани 5.500 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица), 55 тони вода, 190 душеци, 356 кебиња, 210 кг облека. Укажани се 36 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст.
Во целата операција вклучени се 80 лица (волонтери и стручна служба на Црвениот крст), 7 мобилни тимови за прва медицинска помош и активиран е целокупниот логистички потенцијал на Црвениот крст на РМ.
Согласно информациите добиени од терен Црвениот крст на РМ апелира да се донираат следниве артикли: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми и кофи.
Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, Скопје од 08,00 до 18,00 часот (телефон за контакт: 3 096 227) и во ОУ “Наум Наумовски Борче”.
Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:
– Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
До сега се собрани 5.151.486 денари на сметката на Фондот на солидарност.
– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400
До сега се собрани 7.910.000 денари со повик на телефоните.
Донација на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Апелираме во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа.
Со почит,
Црвен крст на Р.Македонијa