мај 26, 2020

Хуманитарна помош за стари и изнемоштени лица по повод празникот Рамазан Бајрам

Во рамките на социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” а по повод претстојниот празник Рамазан Бајрам се поделија 50 пакети храна и 50 пакети хигена за 50 социјално загрозени корисници од дневниот центар и корисници од домашни услови од општина Сарај.
Со оваа хуманитарна помош се прави придонес и дополнителна поддршка во континуитет за нашите корисниците, а е од особена важност во време на вонредна состојба.
Социјалниот сервис е поддржан од страна на Град СкопјеFondacioni Albiz и Швајцарски Црвен крст.

< врати се назад