Хуманитарна помош за загрозените семејства во Струга
Црвениот крст на Република Македонија во рамките на ДРЕФ операцијата за справување со последиците од студениот бран кој ја зафати нашата држава, дистрибуираше во општина Струга и околината.
Хуманитарната помош од ДРЕФ Операцијата и останати донатори за 36 семејства од села погодени од студениот бран во општина Струга се состоеше од семејни пакети со храна, семејни пакети со хигиена, ќебиња. Дистрибуцијата ја спроведоа тимови на Црвениот крст на Република Македонија и волонтери и стручна служба на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Струга. Активностите и дистрибуцијата на хуманитарната помош продолжува и во останатите места погодени од студениот бран.