јуни 18, 2015

Иницијатива за формирање на клуб 25 во ООЦК Охрид

Ohrid oock

На 15 јуни 2015 година во Општинската организација на Црвен крст Охрид се одржа работен состанок со клубот на млади при ООЦК Охрид на кој присуствуваа 30-тина млади. Состанокот го отвори и го водеше одговорното лице за крводарителство во Црвениот крст на Република Македонија Глигор Новачевски.   Александра Валкановска координатор на млади и крводарителство во Црвениот крст на град Скопје во својата презентација ги запозна присутните за Клуб 25 во светот и во Македонија, а Александра Трендевска лидер на Клубот 25 од Скопје ги пренесе искуствата и активностите на Клубот 25 на Црвен крст на град Скопје. На состанокот беа презентирани промотивно-издавачки материјали, видео спотови и клипови за спроведени кампањи со младите од Клубот 25 во периодот 2011-2015 година.

Состанокот помина во одлична атмосфера, имаше голем интерес од страна на младите кои поставуваа прашања и беа заинтересирани за формирање на Клуб 25 во ООЦК Охрид.

Еден од заклучоците е да се вклучат младите од Охрид на семинарот кој ќе се одржи во периодот од 04-06 септември 2015 година во Струга.

< врати се назад