јуни 7, 2022
Изборно претставување на кандидатот за Претседател на Совет на млади на Црвен крст на РСМ
Во текот на вчерашниот ден во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија се одржа изборното претставување на кандидатот за Претседател на Совет на млади на Црвен крст на РСМ. На настанот учество земаа претставници од младинските структури од нашата организација а кои детално се запознаа со плановите, амбициите и приоритетите во работењето на кандидатот Александра Сандева.
За што ќе се залагаат младите во иднина?
- Зголемување на бројот на волонтери и членови за 100% во идниот период.
- Зголемување на младинските буџети во организацијата.
- Поголема репрезентативност на младите во процесите на носење одлуки.
- Креирање на нови програми, проекти и сервиси за млади.
- Воведување на инклузивни форми на волонтирање.
Изборното претставување на кандидатот е дел од целокупниот изборен процес кој се одвива во нашата организација.