мај 23, 2016

ИЗБРАНИ 40 КОРИСНИЦИ НА ПРОЕКТОТ „ПРЕЗЕМИ АКЦИЈА ЗА ПОДОБРА КОНКУРЕНТНОСТ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД“

Со цел да се зајакне социјалната инклузија на лицата во ризик на пазарот на труд, Црвениот крст на РМ во партнерство со Занаетчиска комора на град Скопје,  во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 (ИПА компонента 4) го имплементира проектот  „Преземи акција за подобра конкурентност на пазарот на трудот“, финансиран од Европската Унија.

Во текот на месеците март и април 2016 година беше реализирана фазата на идентификација и селекција на корисниците на проектот од страна на тимот од социјални работници и психолог. Тие водеа разговори со вкупно 210 лица и беа спроведени прашалници со 78 лица, а потоа беше направена анализа врз основа на која беа избрани 40 корисници на проектот кои ќе посетуваат низа на обуки за личен раст и развој и занаети кои ќе овозможат вработување на овие лица.

За да се запознаат со целите и активностите на проектот, за избраните 40 лица, на 12 март 2016 година  беше организиран состанок во просториите на Црвениот крст на град Скопје на кој беа поканети и лица како позитивни примери кои ја раскажаа својата приказна и ги мотивираа присутните да ги посетуваат редовно обуките и да бидат упорни во остварувањето на своите цели. Од состанокот произлегоа корисни прашања и дискусии и истиот се одвиваше во позитивна и мотивирачка атмосфера.

< врати се назад