јуни 8, 2021

Јавна расправа за членување во Црвен крст на РСМ


Notice: Undefined variable: sharify_buttons in /home/ckrm/public_html/wp-content/plugins/sharify/sharify.php on line 333

На 08 јуни 2021 година се одржа јавна расправа за воведување на нов модел на членување во Црвен крст на РСМ. На ЗООМ расправата учествуваа 30 претставници од општинските организации на Црвен крст и централната канцеларија на Црвен крст на РСМ. Цел на расправата беше да се дискутираат различни аспекти поврзани со мобилизирање на ново членство во организацијата, формите за мотивирање на населението за зачленување во организацијата на Црвен крст, бенефициите кои ги нуди Црвениот крст за своето членство и предизвиците со кои се соочуваше организацијата на Црвен крст за мобилизирање на ново членство во услови на пандемијата. Исто така беа претставени искуства на различни национални друштва од Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина поврзани со мотивирање на членови, категории на членови, бенефиции кои им се нудат на заинтересираните лица за членување, и информативните пакети за привлекување и задржување на членови во Црвениот крст. Новиот модел за членување во Црвениот крст на РСМ кој е во фаза на подготовка има за цел да обезбеди форма и модалитети за зголемување на членството во организацијата на Црвен крст со цел да се обезбеди континуирана поддршка на јавноста за работата на Црвениот крст и привлекување на нови волонтери за спроведување на активности во локалните заедници.

 

< врати се назад