јуни 23, 2022
Како да се однесуваме при високи температури!
Како да се однесуваме при високи температури!
Топлотните бранови се главната причина за предвремени смртни случаи поврзани со климатските промени, особено во старата популациона група и хронично болните. За време на топлотните периоди, важно е да се оддржи свежина, за да се избегнат негативните здравствени ефекти на топлината.
Заштитете се од топлина:
- Ограничете го физичкиот напор. Ограничете ја физичката активност, особено во попладневниот период на денот, кога е најтопло.
- Носете светла облека и лесна облека, наочари за УВ заштита и капа.
- Користете креми со заштитен УВ фактор.
- Следете ги препораките на здравствените установи.
- Избегнувајте непотребно излегување надвор во период од 10 до 17 часот.
- Одбегнувајте алкохол и акохолни пијалоци, како и пијалоци што содржат кофеин како и екстремно ладни пијалоци.
- Избегнувајте премногу масна и високо калорична храна, како и храна која содржи шеќери.