Red Cross Shape
Кампања по повод 16 Октомври –Денот на гладта

2016-10-13

Кампања по повод 16 Октомври –Денот на гладта

Една осмина од светското население живее во екстремен глад и сиромаштија. Луѓето повеќе страдаат од глад отколку од СИДА, маларија и туберкулоза заедно. Милиони жени, мажи и деца умираат секоја година поради хронична ненахранетост – 2 милиони се деца. Хронична ненахранетост не постои само поради недостиг на храна. Се појавува и кога луѓето немаат  можности да заработат доволно, да се образуваат и едуцираат, да ги задоволат основните здравствени потреби и да бидат вклучени во одлуките кои ја засегаат заедницата.

Организацијата за храна и агрикултура при  Обединетите нации проценува дека постојат 805.000.000 гладни луѓе во светот.  Ова значи дека тие редовно немаат доволно храна за да живеат активен живот. Бројот на гладни луѓе во светот е уште поголем кога би се вклучиле  и оние кои се соочуваат со сезонски недостаток на храна или оние кои не јадат разновидна исхрана, која вклучува протеини, витамини и минерали. Се проценува дека 26 проценти од децата во светот имаат проблем во нивниот развој поради ненахранетост, 2 милијарди луѓе страдаат од недостаток на хранливи материи. Секоја година речиси 5 милиони деца под 5 годишна возраст  умираат од ненахранетост.

Во светот се организираат соодветни активности за да се подигне свеста на луѓето за проблемот со гладта, како и за достигнувањата на милиони луѓе кои веќе го надминале  проблемот со гладта и ги задоволуваат основните потреби. Исто така активностите се насочени кон инспирирање на луѓето во развиените и земјите во развој да ја покажат својата солидарност и да дадат поддршка за да овозможат уште многу луѓе да го  надминат проблемот со гладта и сиромаштијата и да станат независни.

Црвен крст на Република Македонија по овој повод се вклучува со одбележување на 16 октомври – Денот на гладта преку организирање на кампања под мотото „Помислете и на нас“. Со кампањата, како и со многу други хуманитарни активности, Црвениот крст на РМ дава придонес во севкупните напори кои се преземаат во државата за намалување на сиромаштијата и социјалната исклучениот на граѓаните, како една од главните цели на стратегијата, документ  кој ја отсликува интенцијата на Република Македонија за изедначување на степенот на вклученост и добросостојба низ сите слоеви од општеството.

Во рамките на кампањата се организираат хуманитарни акции за обезбедување донации во парични средства и храна во соработка со  образовно – воспитните институции, граѓански здруженија, стопанските комори во Македонија, како и во соработка и поддршка  на компании и  граѓани. Овие активности ќе се имплементираат во текот на Неделата од 16 до 22 октомври 2016 година преку општинските организации на Црвен крст и Црвениот крст на град Скопје.

Донираните средства од хуманитарните акции ќе бидат наменети за обезбедување на храна за помош на ранливото население која ќе се дистрибуира преку општинските организации на Црвениот крст.

Донациите можат да се уплатат на сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на РМ 300000001327966 Даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка Скопје, како и 100 денари преку мобилните телефонски броеви: 070/075/077 143 400.

Други вести

Недела на борба против ракот
Исплата на хуманитарна помош – финансиска поддршка за настраданите од пожарот во Кочани
Психо-социјална поддршка за деца евакуирани од поплавите во Кичево

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom